Мунк една своја слика исекол на два дела по голема кавга, а сега во Лондон конечно може да се види цела
Во лондонскиот Британски музеј на 11-ти месецов е отворена изложба посветена на норвешкиот сликар и графичар, еден од зачетниците на експресионистичкиот ликовен израз и автор на култната слика „Крик“, Едвард Мунк, на која има едно необично дело.
Станува збор за сликата донесена од „Мункмузет“ во Лондон, „Автопортрет со Тула Ларсен“, настаната околу 1905 година, која зборува за една мрачна епизода од животот на уметникот. Тула Ларсен била негова свршеница, а за време на една нивна бурна кавга дошло и до пукање. Мунк е ранет во левата рака, а околностите на инцидентот никогаш не се разјаснети. Подоцна овој Тулин портрет Мунк го искинал на два дела за да има по еден љубовник од секоја страна. Кустосот на Британскиот музеј сега одлучи двете половинки да ги прикаже заедно на оваа изложба насловена „Едвард Мунк: љубов и тешкотија“.
Најголема атракција на поставката сепак е неговото најпознато дело „Крик“, кое од 1893 до 1910 г. го направил во неколку варијанти. Денес тие се чуваат во разни музеи и приватни збирки низ светот, а посетителите во Лондон до крајот на јули ќе можат да ја видат и црно-белата литографија, верзија на „Крика“, која за оваа пригода ја позајми приватниот норвешки колекционер.