Едно лице е убиено откако непознат напаѓач отворил оган во црква во градот Салмон Арм, во канадската провинција Британска Колумбија.
– Млад маж се појави со пушка по литургијата во црквата, ја насочи кон татко ми и пукаше во него- сведочи синот на убиениот.
Жртвата е 78-годишниот Гордон Парментор.
Според синот на Парментор, по нападот мажот веднаш ја напуштил црквата, а потоа се вратил и продолжил да пука.
– Тој погоди друг човек во нога, кој бегаше… Јас и неколку други луѓе успеавме да го совладаме и да му го одземеме оружјето- објасни синот на загинатиот.
Подоцна полицијата го потврди инцидентот и додаде дека застреланиот маж во ногата бил пренесен в болница и се наоѓа во стабилна состојба, а напаѓачот е уапсен.
Синот на жртвата тврди дека неговиот татко и убиецот се познавале. За напаѓачот вели дека имал психички проблеми, но мотивот за нападот сè уште не е познат.