Партијата за правда и развој (АКП) на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека ќе бара од Државната изборна комисија повторно пребројување на сите гласови во Истанбул, по локалните избори минатата недела.
Опозициската Републиканска народна партија ја презеде контролата во Анкара и освои тесна победа во Истанбул.
Партијата на Ердоган веќе се жалеше на резултатите и во тек е делумно ново пребројување на гласовите во некои области и целосно пребројување во други.
Али Ихсан Јавуз, заменик претседател на АКП, рече дека партијата бара повторно броење на гласовите во 38 области во Истанбул.
Резултатите од делумното пребројување покажуваат дека опозицискиот кандидат за градоначалник на Истанбул води за 16.442 гласа.