Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против С.И. (42) од Скопје поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Посочија дека синоќа полициски службеници од СВР Скопје во содејство со Одделот за крим полиција, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во станот на ул.„Петар Дељан“, каде престојува пријавениот.
– При претресот биле пронајдени и одземени 84 грама хероин и дигитална вага со остатоци од хероин. С.И. бил лишен од слобода, а по извршеното вештачење, по насоки на Јавен обвинител, поднесена е кривична пријава – наведоа од МВР.