Реконструкцијата на регионалниот пат Јурумлери – Драчево, кој поминува низ Долно Лисиче, е во полн ек. Од општината Аеродром соопштуваат дека со реализација на овој проект регионалниот пат во Долно Лисиче ќе биде целосно реконструиран и долгорочно ќе се реши повеќегодишниот проблем со несоодветната инфраструктура за локалното население.
– Проектот има исклучително значење и предвидува градежни активности и материјали што се според високи меѓународни стандарди. Станува збор за многу фреквентен пат и е прв од 12-те најоштетени делници што ќе се реконструираат во претстојниот период. За оваа намена се обезбедени 14 милиони евра од Светска банка – информираат од општината Аеродром.