Канцеларијата за врски на Република Грција во нашата земја, која во согласност со Преспанскиот договор наскоро треба да прерасне во амбасада, вчера го одбележа Националниот ден на Грција, во присуство на голем број гости од политичкиот и општествениот живот во Македонија. Настанот го отвори шефот на канцеларијата за врски на Република Грција, амбасадорот Димитрис Јанакакис, кој својот говор го започна на македонски јазик, при што во неколку наврати го истакна значењето на Преспанскиот договор за идните односи меѓу двете земји.
Притоа тој истакна дека сега ќе биде важно да се оди напред за да се спроведе стратегиското партнерство меѓу двете земји.