Атлетичарката Сара Дураку освои бронзен медал за Македонија во трката на 100 метри на Летните олимписки игри, на Специјалната олимпијада во Абу Даби 2019 (од 14 до 21 март). Ова е трет медал во атлетика за Македонија во Абу Даби, откако Ардијан Шабани, освои два медала, сребрен на 25 и бронзен на 50 метри. Претходно две злата за Македонија во Абу Даби, освоија пливачите Марио Мицковски и Стефан Трпковски, на 50 метри слободно.
На овие игри македонската делегацијата има 26 члена и учествува во три дисциплини, во пливање, атлетика, јунифајд кошарка, и ревијално во танцување.
На Специјалната олимпијада 2019, најголемиот спортски настан со хуманитарен карактер годинава во светот учествуваат над 7.000 спортисти од 190 држави.
Натпреварувачите ги подготвувале над 2.500 тренери, а се ангажирани и над 20.000 волонтери.