Мобилните царински тимови во соработка со Министерството за внатрешни работи минатата недела спречија обид за криумчарење на околу еден килограм хероин.
-На 13.03.2019 година околу 13.30 часот, на граничниот премин Табановце автопат за излез од државата се пријавил швајцарски автобус кој сообраќал на релација Струга – Берн. При контрола на автобусот, кај последниот ред седишта, под седиштето до прозорот, била пронајдена кеса со две пресувани пакувања со по околу 500 грама хероин- информираат од Царинската управа.
Хероинот е предаден на Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.