Низа мали британски компании воведоа четиридневна работна недела за своите работници, како дел од сегашните идеи дека помалку работа може да донесе поголема продуктивност и подобра рамнотежа помеѓу животот и работата.
Затоа, се повеќе и повеќе работодавачи експериментираат со давање три слободни денови неделно на своите работници додека ја задржуваат истата плата.
Во изминатата половина од годината, тоа веќе го направија „Синерџи вижн“, „Електра лајтинг“, „Лара интимејтс“ и „Итерпид камера“. „Д велкм траст“ е најголемиот работодавач во Велика Британија и тие размислуваат за воведување тест фаза за своите 800 вработени, објави Гардијан.
И фирмите и вработените се задоволни од таквата постапка, нагласува весникот.