Пред утрешниот протест на албанската обединета опозиција, кој ќе се одржи пред Владата, премиерот Еди Рама порача дека „Влада не паѓа со насилни акти, и оти тоа е на штета на имиџот на земјата, економијата и џебот на граѓаните“.
-Оваа работа нема никаква шанса да заврши со допир на ниту еден прамен од косата на владејачкото мнозинство. Кој победи тука? Сигурно тие не. Тие се губитници и знаат само за порази- порача премиерот Рама од Берат.
Тој додаде дека Владата има должност да продолжи да ја води земјата, почитувајќи го мандатот што го добила од мнозинството граѓани на изборите во 2017 година, што значи до 2021 година.
Осврнувајќи се на претстојните, јунски локални избори, тој рече дека гласањето ќе ја принуди опозицијата да ги отстапи општините Берат, Кучово и Скрапар.
-Тие ќе ги отстапат мирно. Не сакаат да учествуваат на изборите? Велам дека тие ќе учествуваат, но дури и ако не учествуваат, каков проблем има? Ние ги поделивме нештата: Лули( Љуљзим Баша, лидер на ДП) со Моника (Моника Круемади лидерка на ЛСИ) и Моника со Лули, ние со луѓето и луѓето со нас- рече Рама.
Иронично тој ги искоментира и обвинувањата на опозицијата за купување гласови.
-Тие велат о Господе заштити ги Албанците од купување гласови. Господ вели: Подобро да не се мешам во изборни прашања на Албанците, зашто треба да ги бранам Албанците од Моника- рече меѓу другото Рама.
Обединетата албанска опозиција утрешниот протест го нарече „протест кој ќе напише историја“.
Во меѓувреме Министерството за внтарешни работи ги презема сите потребни мерки, со ангажирање голем број прпадници од сите полициски сектори, Нацоналанта гарда, поставување камери, заштитни мрежи и бодликава жица околу Владата.