Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја отфрли можноста да го напушти клубот и да премине во Јувентус, освен ако не биде отпуштен.
Во Италија се шпекулира дека стратегот е приоритет за „Старата дама“ да го наследи Масимилијано Алегри и да потпише четиригодишен договор.
Но, тој побрза да ги запре шпекулациите.
– Имам договор на уште две години тука и не мислам да си заминам. Освен ако не ме отпуштат. Тогаш ќе одам дома. Ако сепак од Манчестер Сити сакаат да останам, ќе бидам во клубот уште две сезони, а потоа се надевам и за уште една. Нема начин како да преминам во Јувентус во следните две години – изјави Пеп по победата над Ватфорд синоќа со 3-1.