Прашањето за името, грчко-турските односи и двајцата грчки војници што се наоѓаат во турски затвор, се очекува да бидат темите, според грчките медиуми, за кои ќе разговараат генералниот секретар на НАТО и шефот на грчката дипломатија на нивната утрешна средба.
Како што пренесе МИА, од прес центарот на НАТО соопштија дека Јенс Столтенберг и Никос Коѕијас утре ќе остварат средба во седиштето на НАТО во Брисел.