Во повеќе градови ширум Србија синоќа се одржаа протести под мотото „Еден од пет милиони“, од кои е побрана оставка на српскиот претседател Александар Вучиќ и Владата, еднакви можности за сите и решавање на комуналните проблеми.
Еден од помасовните протести се одржа во Нови Сад, каде демонстраните се собраа пред зградата на Српскиот народен театар, по што се движеа низ новосадските улици, минувајќи пред зградата на Радиотелевизија Војводина и пред Градското собрание и завршувајќи го маршот пред војводинската Покраинска влада.
Протести се одржаа и во Ниш, од кои беше побарано одржување фер и слободни избори и беше изразено нездоволство до „уништувањето на институциите и гушењето на слободата на медиумите, судскиот систем и независните органи“.
На собирот во Ниш беа побаран оставки од министерката за градежништво, транспорт и инфраструктура Зорана Михајловиќ и нишкиот градоначалник Дарко Булатовиќ.
Слични протести се одржаа и во Суботица, Панчево, Краљево, Смедерево, Крушевац, Чачак, Врање, Ваљево и неколку други српски градови.
За вечерва е најавен голем „граѓански протест“ во Белград, каде веќе три месеци секоја сабота се одржуваат протесни прошетки низ белградските улици со барање за оставка на Вучиќ и одржување фер и слободни избори.