На делегацијата од Европралемантот,не и беше дозволено да влезе во Венецуела и синоќа се врати во Мадрид. Дипломатската група осставена од пет лица отпатува кон Каракас на покана на самопрогласениетот привремен претседател на земјата Хуан Гваидо.
Европратеникот Хосе Игнасио Салафранка изјави дека и покрај поканата од венецуелскиот Парламент, веднаш по пристигнувањето, на членовите на делегацијата им биле одземени патните исправи и биле одведени во миграциската служба.
– По извесно време ни беше кажано дека Министерството за надворешни работи одбива да ни дозволи влез во земјата, појасни европратеникот.