Република Северна Македонија од денеска и официјално е на заедничка маса со своите сојузници од НАТО.
Првата таква можност ја имаше министерката за одбрана Радмила Шекеринска која денеска и утре присуствува на Северноатланскиот совет на НАТО.
Таа претпладнево имаше и средба со генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.
Ова е чест и привилегија за мене и мојата земја да присуствувам тука на овој министерски состанок на НАТО. Ние покажавме дека сме способни да го најдеме правото решение, и ова е наградата, не само за мене, не само за мојата влада, туку и за мојот народ. pic.twitter.com/0P1UFTT81Y
— Радмила Шекеринска (@Sekerinska) February 13, 2019