Монахот на манастирот „Врањине“, Неофит, односно Горан Кемпанов е уапсен бидејќи управувал со чамецот што во неделата се преврте поради силната бура во Скадарско Езеро. Тој во исказ пред обвинителката Ромини Влаховиќ раскажал дека жали поради несреќата во езерото, каде што животот го изгубија четворица негови пријатели.
Адвокатот на свештеникот објаснил дека претходно користеле заштитни елеци, но не и во неделата, бидејќи некој претходно ги украл.
Манастирскиот чамец со кој монахот од манастирот на островот до крајбрежјето пренесувал осум патници се превртел поради силната бура, а веднаш по несреќата е извлечено телото на трудницата Јана Кумбуровиќ, која се удавила обидувајќи се да ја спаси 12-годишната ќерка Нина.
Нејзиниот сопруг Ратко настрадал обидувајќи се да ги спаси нив две од големите бранови, кои во смрт го однеле и нивниот пријател Дарко Вујошевиќ, кој пробал да ги спаси сите.
Според наводите на медиумите, чамецот со неколку лица се упатил во обиколка на тамошниот манастир. Поради силното невреме со дожд и силен ветер, кое го зафати подрачјето на Скадарско Езеро, големите бранови го превртеле чамецот.