Италијанецот Доминик Парис триумфира во спустот што се возеше на легендарната патека во Кицбил, Австрија, пред повеќе од 50.000 гледачи, со време од 1:56,82 минута. За Парис ова беше трет триумф сезонава и трет на една од најтешките скијачки патеки во светот (победи во 2013 и во 2017-та), каде што на одделни делови од патеката се постигнуваат брзини и до 130 км/час.
Втор беше Швајцарецот Беат Фојц, а трет Австриецот Отмар Штрајдингер. За Парис (29), светскиот вицешампион од 2013-та, ова беше 12-та победа во Светскиот куп, од кои 10 во спуст и две во супервелеслалом. Најмногу победи во Кицбил има Швајцарецот Дидие Куш, пет, а четири има Австриецот Франц Кламер.