Повеќето луѓе знаат за загрозените животни како што се џиновските панди, африканскиот слон и сибирскиот тигар. Но, постои уште еден животински вид кој Светскиот фонд за диви животни не го спомнува често – за т.н. „волшебен зајак“ од Кина. Ова мало, преслатко животинче првпат беше забележано по две декади откако се веруваше дека е засекогаш исчезнато од лицето на Земјата.
„Волшебниот зајак“ живее во планинскиот појас на Таишан, кој се наоѓа во северозападна Кина. Познат како Или Пика, овој зајак првпат беше откриен во 1983 година, а многу луѓе воопшто не знаат за неговото постоење. Овој вид брои помалку од илјада единки, а неговиот број постојано опаѓа. Експертите веруваа дека тие се целосно исчезнати, бидејќи воопшто не биле забележани во последните дваесет години.
Или Пика ја доби својата репутација поради неговата добра способност да се крие и никогаш да не биде подлежан на проучување од страна на истражувачите. Само 29 единки биле забележани во природата откако овој зајак бил откриен од страна на Веидонг Ли.
Ли е научник од институтот „Зинџијанг“ кој го откри ова чудно животинче, а по игра на судбината, тој, исто така, е човекот кој повторно откри дека „волшебниот зајак“ сè уште опстанува.
Битката на ова загрозено животно е далеку од готова. Неговата популација е намалена за речиси 70 отсто од денот на неговото откривање пред речиси 36 години, а тоа е поради климатските промени и уништувањето на неговото живеалиште, сечењето на шумите и урбанизацијата.
– Ќе се чувствувам многу лошо доколку ова волшебно суштество изумре. Ќе се потрудам и ќе сторам сè што е во моја моќ за тоа да не се случи – изјавил Ли.