Одбојкарите на вечерашната ждрепка во Брисел ги добија противниците на финалниот турнир на Европското првенство (ЕП) што ќе се одржи од 12 до 29 септември годинава.
ЕП ќе се одржи во четири земји, Франција, Белгија, Словенија и Холандија, а Македонија ќе игра во групата Ц чиј домаќин ја има селекцијата на Словенија. Освен против Словенија, Македонија исто така ќе игра против Финска, Русија, Белорусија и Турција.
Во останатите три групи, улогата на домаќините ја имаат Белгија, Франција и Холандија.
ГРУПА А: Франција, Италија, Бугарија, Португалија, Грција, Романија
ГРУПА Б: Белгија, Србија, Германија, Словачка, Шпанија, Австрија.
ГРУПА Ц: Словенија, Русија, Финска, Турција, Македонија, Белорусија
ГРУПА Д: Холандија, Полска, Чешка, Естонија, Украина, Црна Гора