„Тајм“ ја откри кратката листа за личност на годината за 2024 година, со 10 истакнати личности, од подкастери до членови на кралското семејство.
Американскиот магазин „Тајм“ во четврток, 12 декември, ќе ја прогласи Личностa на годината за 2024 година, но денеска објави листа од 10 имиња за кои сметаат дека имаат најголемо влијание ширум светот оваа година.
„Тајм“ секоја година ја прогласува за личност на годината од 1927 година, од историски светски лидери до културни личности.
Минатата година тоа беше Тејлор Свифт поради глобалниот ефект на нејзината турнеја Ерас, оваа година има многу политички фигури, вклучувајќи ги и оние кои се предмет на многу контроверзни проценки:
Доналд Трамп
Бенјамин Нетанјаху
Камала Харис
Илон Маск
Џо Роган
Марк Цукерберг
Кејт, принцезата од Велс
Јулија Навалнаја
Џером Пауел, претседател на Федералните резерви на САД
Клаудија Шејнбаум, претседател на Мексико