Фото: Пиксабеј

Здрава храна

Ако користите ореви за приготвување колачи и торти или сакате да ги грицкате, дознајте како да го продолжите нивниот рок на траење. Ниту едно домаќинство не може да се замисли без ореви во шпајзот. Од нив се приготвуваат колачи и салати, но тие се исто така и вкусна закуска меѓу оброците. Оревот е полн со витамини А, Е и Ф, а содржи и цинк, железо, кобалт, растителни протеини и јод. Затоа е добро да јадете по неколку ореви секој ден или секој втор ден. Многу домаќинки купуваат големи количества ореви, па ги чуваат во шпајзот или во некој елемент со храна. Сепак, тоа не е добро бидејќи собната температура не влијае добро на нив.
Ако ги чувате оревите на собна температура, тие ги губат своите корисни својства, но стануваат и горчливи. Доколку сакате да им го продолжите времетраењето, тогаш постои едноставно решение. Сѐ што треба да направите е да ги чувате оревите во замрзнувач, а тие можат да траат и до една година без да ги загубат своите корисни својства.
Како да ги подготвите овие јаткасти плодови за складирање во замрзнувач? Прво излупете ги оревите, па ставете ги во пластичен сад. Ако немате доволно пластични контејнери, можете да користите и ќесиња што се затвораат повторно. Важно е тие да бидат добро затворени пред да ги ставите во замрзнувач. Кои се придобивките од чувањето на оревите во замрзнувач? Покрај тоа што ќе бидат свежи речиси една година, тие нема да бидат горчливи и сепак ќе содржат витамини и минерали.