Слатките се богати со шеќер, калории и немаат висока хранлива вредност, а често ни се препорачува да ги замениме со производи што всушност се полоши од нив. За да избегнете зголемување на телесната тежина, како и многу системски болести, треба да се избегнуваат некои грицки.
Сушено овошје: Иако можеби никогаш не сте помислиле дека овошјето може да биде полошо од бонбоните, сепак сте згрешиле. Сувото овошје е преполно со шеќер и калории, иако не изгледа така.
Гранола: Кога размислувате за здрави житарки, гранолата е веројатно првото нешто што ви паѓа на ум. Иако многу компании сакаат да мислите на оваа храна како здрава алтернатива, многу видови гранола-барови користат различни масла за да ги врзат зрната заедно, кои потоа се засладуваат со шеќер. Покрај шеќер, гранолата може да биде полна и со нездрави масти.
Енергетски плочки: Енергетските плочки најдоа посебно место меѓу лицата што се грижат за своето здравје, делумно благодарение на нивните рекламни кампањи со слики од спортисти што ги консумираат. Иако многумина веруваат дека здравиот начин на живот и енергетските плочки одат рака под рака, оваа храна има негативна нутритивна заднина.
Плочки од житарки: Житарките имаат лоша нутритивна репутација со добра причина – многу верзии на овие основни намирници за појадок се полни со шеќер. Промовирани како здрав појадок во движење, некои од водечките житарки се најдоа во индивидуално спакуваните енергетски плочки. Иако според маркетингот овие плочки со житарки изгледаат доста здраво, не залажувајте се, пишува „Ит дис, нот дет“.