Дизајн: Никола Пузигаќа/Шабонот за дизајнот е фотографија на Милан Младеновиќ на авторот Зоран Трбовиќ

Фондацијата на Милан Младеновиќ објави дека е отворен конкурсот за најдобра песна на територијата на поранешна Југославија, за наградата која го носи името на легендарниот водач на белградската група „Екатарина Велика“. Конкурсот (по правилото: еден автор – една песна) е отворен до 31 мај, а кандидатите треба да обрнат посебно внимание и на текстот и на музиката.

– Лично, многу внимавам на текстот и на темата што е избрана и на начинот на кој тој текст е поткрепен со музика: што е аранжман, што е драматично, што е продукција, што е жанр – вели Ана Ѓуриќ – Констракта, членка на стручното жири.

Секоја година жирито е регионално. Оваа петта година, освен Констракта, членуваат и авторката и уредничка на емисијата „Бунт“ Бранка Главоњиќ (Србија), музичарот Борис Лејнер (Хрватска), музичарот Зоран Предин (Словенија) и писателот и музичар Марко Шелиќ Марчело (Србија).

Сите тие се вклучени во потрага по наследничка на македонската пејачка Дина Јашари, која престижната награда ја доби лани, за песната „Дома“.

Повеќе информации околу конкурсот и наградата можат да се најдат на официјалната интернет-страница на оставнината на Милан Младеновиќ.

Милан Младеновиќ секако е една од најзначајните фигури на регионалниот рокенрол, бидејќи успешно го пренесе книжевниот модел на романтичен поет, загрижен за судбината на светот, всадувајќи го длабоко во домашната рок иконографија. Од денешна перспектива, јасно е – во сето тоа совршено свирење на целиот бенд, во неверојатната страст за пеење на Милан, се криеше сериозна намера: „Екатерина Велика“ беше сон за поинаква мејнстрим култура во некогашна Југославија, пред сè поцивилизирана. Нивната музика е сведоштво дека тоа беше можно…