Светски познатиот ди-џеј Дејвид Гета, кој настапи со голем концерт на градскиот стадион во Скопје по повод Денот на независноста на Македонија, на свите профили на социјалните мрежи сподели впечатоци од настапот.
– Да не ти се верува. Убав, фин вторник, со неколку пријатели, а ваму 50.000 публика! Да ви кажам право, кога доаѓав во Македонија не знаев што да очекувам. Но, ова е лудо – 50.000 луѓе на концерт на стадион! Тотално лудо! Ни за момент не помислував дека толку убаво ќе си поминам во Скопје – вели Гета во видеото, во кое е пренесена веселата атмосфера од концертот, а завршува со зборовите „Благодарам, Македонија“.

































