Фото: Игор Бансколиев

Епицентарот на пивото, добрата забава и скарата од вечерва е во Прилеп! Прилеп е подготвен за одржување на фестивалот на пивото „Прилеп бир викенд“ што ќе се одржи до 3 септември.

Oваа година се очекуваат голем број на посетители на трите фестивалски вечери од земјава и од Балканот. Ќе има дополнителни паркинг зони, хигиената ќе биде на највисоко ниво ќе бидат поставени голем број штандови со кои посетителите ќе може да уживаат во различните вкусови на пиво, вкусната скара и прекрасната музичка понуда.

Фестивалот на пивото и оваа година најавува одлична забава со програма за сите возрасти и вкусови со мега популарните балкански ѕвезди Аца Лукас, Тропико Бенд, Хурикејн, Тијана еМ, како и најзвучните македонски имиња Миле Кузмановски, Наум Петрески, Ламбе Алабаковски, Ареа, ДНК, Пајак, Бојана Скендеровски. Водители оваа година ќе бидат Стефан Лазаров и Ева Јовановска. Дел од програмата за отварање на истатата ќе бидат и диџеј Бабура јуниор, диџеј Боно и диџеј Марио. Ка.М.