Омилената парада наречена Мумба повторно се врaти на сцена во Мелбурн, по една година пауза поради строгите ковид-рестрикции во австралиската сојузна држава Викторија.

Самото име Мумба значи „ајде сите заедно да се забавуваме“, па така како круна на прославата на Денот на трудот, парадата беше проследена од стотици илјади жители на Мелбурн од сите генерации. И покрај високите температури, најмладите со нетрпение очекуваа ги видат најновите атракции, џиновски фигури и многуте танчари.

Оваа година фестивалот Мумба се одржува по 68-ми пат и во четирите дена на прослава се одржуваат разни натпревари на вода, урнебесното рели Човек/Птица (Birdman). Некои од најдобрите светски скијачи на вода ги покажаа своите вештини на реката Јара со натпревари во водени спортови (Moomba Masters).

Почетоците на Мумба датираат од 1951 година кога Мелбурн прослави педесет години од Федерацијата. И годинава продолжува традицијата на крунисување двајца монарси, односно две заслужни личности од Мелбурн. Круните ги добија познатиот телевизиски презентер на канал 9, Питер Хитчина и Фиви Бокс, водителка од радио „Фокс фм“.

Мумба е еден од најкреативните, најпочитуваните настани во Мелбурн преку кој се слави силниот мултикултурен дух на заедницата во Мелбурн.

Гордана Димовска од Мелбурн, Австралија