Викендов во Кинотеката на Македонија се одржа „Скопје синема сити“, фестивалот посветен на музички документарни филмови. Филмови за Леонард Коен, Френк Запа и музичката група „Леб и сол“; изложба на фотографии од Маја Аргакијева, Огнен Ацевски, Роберт Атанасовски, Зденко Петровски и Стефан Рајхл беа дел од програмата. Фестивалот се одржа под мотото „Приказните зад музиката“.
Фестивалот беше отворен во фоајето на Кинотеката со групна изложба на музички фотографии, насловена „5 х 10“. Станува збор за избор од по пет фотографии на пет истакнати македонски фотографи: Маја Аргакијева, Огнен Ацевски, Роберт Атанасовски, Зденко Петровски и Стефан Рајхл. Следуваше проекцијата на „Алелуја: Леонард Коен, патешествие, песната“ (2002). Вчера на програмата беа два филма, првиот за „Леб и сол“, насловен „Вкусот на успехот“, и вториот филмот за Френк Запа, „Изеди го прашањето: Запа со свои зборови“.
Наградата за животно дело за успеси на полето на филмот и музиката годинава му е доделена на Џијан Емин, за неговите достигнувања во светот на филмската музика.