Повеќето луѓе веднаш посегнуваат по шолја од омиленото кафе наутро. Меѓутоа нутриционистката Габи Њуман истакнува дека одложувањето на раното внесување кофеин може да го зголеми нивото на нашата енергија и да го подобри целокупното здравје. Таа посочува дури три работи што треба да ги правиме пред да го испиеме утринското кафе, пишува британскиот весник „Сан“.
Њуман објаснува како консумирањето кафе на празен стомак може да биде многу штетно за нашето здравје на многу начини, но има решенија за тоа. Една од работите што треба да ги правиме пред утринското кафе е добрата хидратација. Како што советува, секој од нас треба да пие барем една чаша вода пред кафето. Идеално, тоа треба да биде вода на собна температура, а додавањето исцеден лимон може да помогне во варењето.
Друг совет е да го започнете денот со оброк полн со влакна и протеини за да го балансирате нивото на шеќер во крвта.
– Покачениот шеќер во крвта може да предизвика воспаление и да предизвика да бидеме со покачено ниво на шеќер во крвта во остатокот од денот, намалувајќи ги нашите резерви на енергија – објаснува нутриционистката.
Освен вода и балансиран оброк, Њуман забележува дека би било добро да вежбате пред утринското кафе. И покрај ризиците, некои луѓе пијат кафе пред да одат во вежбалница бидејќи тоа може да го направи вежбањето помалку напорно. Но Њуман тврди дека тоа може да предизвика вознемиреност и да го отежне вежбањето, па затоа препорачува пиење кафе по утринското вежбање.
– Нека ви биде уживање, а во исто време ќе ве разбуди за најдоброто можно продолжение на денот – додава таа.