Бродот „Атланта“, за кој се мислеше дека е засекогаш загубен, е пронајден на дното на езерото Супериор во Северна Америка. Потонатиот брод е пронајден на 56 километри од Еленскиот парк во Мичиген, по 130 години, и е добро зачуван, а се наоѓа на длабочина од 198 метри.
За откривањето на потонатиот брод е одговорно Историското друштво за потонати бродови во големите езера, а според нивните податоци, бродот долг 16 метри е откриен со помош на сонар во соработка со компанијата „Марин соник текнолоџи“.
Бродот „Атланта“ носел јаглен кога потонал за време на бура на 4 мај 1891 година, додека го влечел паробродот „Вилхелм“. Седумчлениот екипаж се качил на чамецот за спасување и по неколкучасовно веслање стигнал до брегот, но додека се обидувал да стигне, чамецот се превртел и преживеале само две лица.
Остатоците од бродот се снимени со помош на брод на далечински управувач и беше откриено дека се добро зачувани благодарение на студените води на езерото Супериор.