Во светот има повеќе од 5.000 различни јазици. Некои јазици не се многу тешки за учење, но има и такви што се толку комплицирани што не може секој да ги научи. Има мал број луѓе што зборуваат некои ретки јазици, а уште помалку преведувачи.

Исландски јазик
Исландскиот јазик има архаичен речник и многу тешка граматика. Тој е еден од најтешките јазици за изговор. За многу исландски фонеми нема слични фонеми на англиски јазик, така што тие правилно се изговараат само од оние што го говорат јазикот. Го зборуваат жителите на Исланд и помали групи исландски емигранти – околу 300.000 луѓе.

Абхаски јазик
Абхаскиот јазик е јазик од северозападниот дел на Кавказ. Го зборуваат повеќе од 100.000 луѓе во Абхазија. Во абхаскиот литературен јазик има 58 согласки и само три самогласки. Другите самогласки се претставени во азбуката со посебни букви – е, о, и, у и се формираат заедно со други согласки и самогласки.

Навахо-јазик
Навахо е еден од најголемите индијански народи северно од Мексико. Според пописот од 2010 година, има 90.000 припадници. Најтешкиот дел од јазикот навахо се глаголските форми, кои ја формираат основата на која се додаваат префиксите. Покрај самогласките и согласките во јазикот, има уште четири тона – висок, низок, растечки и опаѓачки. Американските војници го користеле овој јазик за шифрирање на информациите. До оваа идеја дошле за време на Првата светска војна, кога Индијанците од племето Чокто служеле во американската армија.

Баскиски јазик
Баскискиот јазик се смета за најстар јазик во Европа. На него пишуваат и зборуваат околу 700.000 луѓе. Повеќето луѓе живеат на северот на Шпанија и на југот на Франција. Баскискиот јазик има 24 падежи. Зборовите се менуваат со користење на различни суфикси и префикси. Со оглед на тоа дека овој јазик го знаат мал број луѓе, тој се користел за шифрирање информации во Втората светска војна.

Ескимски јазик
Овој јазик е еден од најтешките јазици бидејќи има 63 времиња. Падежите се менуваат со додавање суфикси и префикси на повеќе од 200 начини. Покрај тоа, во овој јазик, зборовите се описно формирани, на пример, наместо зборот „интернет“, се користи терминот „патување низ слоеви“. Ескимскиот јазик влезе во Гинисовата книга на рекорди како најтешкиот знаковен систем.