Без некаква скандалозна најава, на мапата за стриминг неодамна се појави мини-серијата „Изгубените цвеќиња на Алис Харт“. Во првата недела од објавувањето оваа семејна драма доби одлични критики и стана една од најгледаните серии. Aдаптиранa е на истоимениот бестселер роман на австралиската писателка Холи Рингленд и уште врз основа на првата епизода критичарите велат дека може успешно да се натпреварува со ТВ-продукцијата „Биг литл лајс“.
Дејството на оваа драмска серија се одвива во две наративни линии. На почетокот ја среќаваме протагонистката Алис Харт, чие детство се одвива на изолирана австралиска фарма, покрај нејзината мајка и насилниот татко. За еден ден домот на семејството Харт е уништен од подметнат пожар, а девојчето останува без двајцата родители.
Втората наративна линија се одвива на цветната фарма Торнфилд и се фокусира на ликот на Џун Харт, која ја презема грижата за својата внука по смртта на нејзиниот син.
Наративот на оваа семејна драма со елементи на мистерија е уникатен по многу нешта. Почетокот на секоја епизода е поврзан со цвет од богатата флора на Австралија. Ваквиот концепт создава дополнителна мистика и го комплетира целото искуство за гледачот. Покрај совршено исполираните ликови, оваа мини-серија гарантира и вистински визуелен спектакл, исткаен од флората и невидено убави пејзажи на јужна Австралија. Заплетот носи со себе силна порака – прецизно истражува како семејните трауми од далечното минато влијаат на новите генерации.