Фото: Пиксабеј

Религиозна книга стара речиси 500 години, која била изгубена од почетокот на Втората светска војна, е вратена во Чешка.
Италијанските цариници денеска лично му ја предадоа книгата на католичкиот помошник-епископ Антонин Баслер во чешкиот град Оломоуц.
Станува збор за книгата „Postilla super epistolas et evangelia“, која исчезнала од збирката на епархијата во почетокот на Втората светска војна.
Книгата се сметаше за исчезната до пред две години, кога италијанската полиција ја откри на аукција во Трст.
Вредната книга е објавена во 1518 година во Базел, Швајцарија, добила кожена корица во Баварија, а во денешна Чешка стигнала во 16 век. Ова дело е украсено со дрворез и содржи толкувања на неделни и празнични читања од евангелието.