Фото: Пиксабеј

Нема подобар десерт за здравје од темното чоколадо. Всушност, темното чоколадо има своја хранлива вредност, богата комбинација на корисни антиоксиданти. Во продолжение ви претставуваме неколку позитивни ефекти врз здравјето што се предизвикани од консумирањето темно чоколадо.
Го подобрува здравјето на срцето: Темното чоколадо е навистина преполно со антиоксиданти. Всушност, едно истражување на „БМЦ кемистри“ покажа дека антиоксидативните способности на темното чоколадо се помоќни од кое било тестирано овошје. Според нутриционистката Сабрина Русо од Њујорк, темното чоколадо е одличен извор на антиоксиданти, вклучувајќи полифеноли, флаваноли и катехини. Овие антиоксиданти помагаат во заштитата на клетките на телото од слободните радикали, што може да доведе до срцеви заболувања. Во однос на заштитата на срцето, јадењето парче темно чоколадо може да биде исто толку корисно како и парче овошје.
Ќе имате подобра кожа: Флавоноидниот антиоксидант има бескрајни придобивки. Тоа всушност може да дејствува како заштита на кожата од сонцето.
– Флаванолите во чоколадото исто така може да помогнат да се спречи оштетување на кожата од сонцето. Овие соединенија ги подобруваат протокот на крв, дебелината на кожата и хидратацијата – рече Русо.
Го намалува крвниот притисок: Џејклин Лондон, шефица за исхрана и здравје во WW, зборуваше за темното чоколадо како одличен извор на антиоксиданти.
– По тежина, чоколадото има најмногу полифеноли од која било друга храна, познати и како антиоксидантни соединенија. Кога станува збор за избор на чоколадо, колку е поголем процентот на какао, толку е поголема содржината на антиоксиданти во самото чоколадо. Темното чоколадо обично содржи повисоки нивоа од другите видови, што го прави избор богат со антиоксиданти – рече таа.
Овие антиоксиданти се поврзани со намалување на воспалението и регулирање на крвниот притисок.
Вашиот мозок ќе функционира подобро: Флавоноидите што се наоѓаат во темното чоколадо можеби се само чудотворната состојка. Тие не само што ги штитат вашата кожа и срце и го намалуваат крвниот притисок туку му помагаат и на вашиот мозок.
– Флавоноидите присутни во темното чоколадо ја подобруваат когнитивната функција со зголемување на церебралниот проток на крв. Темното чоколадо може да има корист за меморијата и сознанието кај здрави возрасни лица – објаснува д-р Рашми Бјакоди од „Бест фор нутришн“.