Нездравата храна е нешто за што треба посебно да се грижите, а нутриционистите го нагласуваат она што треба да го заборавите доколку сакате да живеете без здравствени проблеми.
Пржена храна: Ако сакате вашето срце да биде здраво и силно и по 50-от роденден, време е да почнете да размислувате за консумирањето заситени масти.
– Повеќето луѓе на возраст над 50 години се борат со оваа препорака – вели диететичарката Ребека Шилинг, која истакнува дека многу луѓе пораснале на црвено месо и пржена храна и дека овој совет е навистина тежок за нив.
Сепак, таа наведува дека ова е клучна промена што мора да ја направите. Исхраната богата со заситени масти со мало внесување овошје, зеленчук и растителни влакна може значително да го влоши здравјето.
Чипс и газирани сокови: Чипсот и газираните сокови имаат тројно негативно дејство: сол, заситени масти и шеќер.
– Грицките не само што имаат високо ниво на шеќер туку и го поттикнуваат прејадувањето и го зголемуваат ризикот од зголемување на телесната тежина, бидејќи се многу вкусни – објаснува нутриционистката Мелиса Митри, а шеќерот, според неа, исто така игра важна улога во лошото здравје на срцето.
Диетални пијалаци: Вештачките засладувачи се поврзани со зголемен ризик од кардиометаболни заболувања. Според една студија, луѓето што пијат диетални пијалоци го зголемуваат ризикот од развој на метаболички синдром за 36 проценти и го зголемуваат ризикот од развој на дијабетес тип 2 за 67 проценти од оние што не ги пијат. Имено, вештачките засладувачи во диеталните пијалаци со малку калории или без калории му отежнуваат на телото да го контролира внесувањето калории, го зголемуваат апетитот и ги нарушуваат микробиомите. За да го заштитите срцето, изберете вода и минимално пијте какви било сокови.