Фото: Пиксабеј

Постојат два типа луѓе во светот: оние што стануваат веднаш штом ќе го слушнат алармот и оние што го одложуваат барем еднаш пред да станат. Научниците што се занимаваат со навиките за спиење велат дека одложувањето на алармот може да има штетно влијание врз телото и да го наруши сонот.
Неодамна беа објавени две нови студии во списанието „Џрнал оф слип рисрч“, што се однесуваат на одложување на алармот. Од вкупно 1.732 учесници, 69 проценти рекле дека понекогаш одложуваат или поставуваат повеќе аларми за утрото. Утринската сонливост и пократкото време на спиење биле најчести симптоми кај оние што го одложиле алармот.
Во друга, помала студија, во која учествувале само 32 луѓе, навиките за дремење немале јасен ефект расположението, утринската сонливост и севкупниот квалитет на спиењето, пренесува „Гудхаускипинг“.
Знаеме дека одложувањето на алармот може да доведе до инерција на спиењето, термин што се користи за опишување зашеметеноста, збунетоста и утринската сонливост што некои луѓе ги чувствуваат по будењето од длабок сон.
– Значи, иако помалата студиска група не пријавила симптоми на инерција при спиење по утринското одложување, малиот број на примероци не поддржува примена на овие резултати на поширока популација и донесување дефинитивен заклучок за влијанието на одложувањето при спиење – објаснува Раџ Дасгупта, главен медицински советник за „Слиппопулис“.
Експертите советуваат кога часовникот се менува ноќе, да не ја прифаќаме промената, туку кога вообичаено ќе станеме, да погледнеме да не се сменил часовникот.
Тие објавија и некои други совети што се корисни за спиење: придржувајте се до постојан распоред за спиење и будење (одење во кревет и будење во исто време седум дена во неделата), избегнувајте изложување на вештачка светлина најмалку еден час пред спиење, не консумирајте кофеин, големи оброци и алкохол пред спиење, бидејќи тие можат да го прекинат сонот на различни начини, вклучете се во релаксирачки, нестимулирачки активности пред спиење за да му кажете на вашиот мозок дека е време да се опуштите.