Новиот филм за познатата кукла Барби на Грета Гервиг беше толку посветен на тоа сè да биде розово што во еден момент имаше меѓународен недостиг од розова боја.

Гервиг за списанието „Аркитектјурал дајџест“ спомна дека ги ангажирала Сара Гринвуд и Кејти Спенсер и инсистирала сè на снимањето да биде розово.
– Сакав розовите нијанси да бидат многу светли и сè да биде речиси претерано, бидејќи не сакав да заборавам зошто ја сакав Барби кога бев мала – рече Гервиг.

Таа изјавила дека сака да има што помалку компјутерски анимирани елементи на екранот и што е можно повеќе практични, вистински насликани елементи, поради што има недостиг од флуоресцентната нијанса на бојата роско и светот остана без розова боја.

Новиот филм за Барби пристигнува во кината на 21 јули, во кој главните улоги ги толкуваат Маргот Роби, Рајан Гослинг, Ема Меки, Кејт Мекинон и други.

Од последниот трејлер видовме дека розовата боја не е резервирана само за облеката и мебелот туку и за околината и пејзажот, а тоа предизвика појава на „барбикор“, односно тенденција за купување розови работи.