Фото: Пиксабеј

Сушилницата за облека може да биде многу корисна, особено во зима. Сепак, често ќе слушнеме дека многу луѓе се жалат дека машината им ги уништува алиштата. Затоа, многу е важно да се знае кои парчиња облека може да се исушат во неа, а кои не.
Прво што треба да направите е да ја погледнете етикетата на вашата гардероба бидејќи производителите сигурно напоменале на која температура таа треба да се пере, но и дали е погодна за сушење во машина. Ако сè уште сте збунети, можеби е добра идеја да запомните дека овие пет работи никогаш не треба да се сушат во машина.
1. Градници и нежна долна облека: Облеката како градници, гаќички, еластична облека и нежна свилена долна облека секогаш треба да се суши на воздух. Тие содржат еластин и други еластични ткаенини што можат да се распаднат на топол воздух.
2. Облека украсена со мониста и светки: Исто така, не сушете ги во машина алиштата со какви било украси бидејќи лепилото што ги држи заедно може лесно да се стопи на топол воздух. Дури и ако изберете пониска температура, поголема е веројатноста тие да паднат поради ротацијата во машината.
3. Костими за капење: Топлината од машината за сушење ги ослабува овие материјали и ја бледнее нивната боја. Исто така, доколку костимите имаат пополнети влошки за гради, може да се случи тие целосно да се распаднат.
4. Џемпери од волна и кашмир: Како и сè што е направено од свила, и облеката од волна или кашмир треба да се суши на воздух. Овие два природни материјала се многу чувствителни и може да се смалат или целосно да ја изгубат формата при сушење во машина.
5. Фустани со тантела: Парчињата облека на кои има тантела не треба да се сушат во машина бидејќи превртувањето во барабанот може да предизвика тантелата да се распадне.