„Нетфликс“ отстранува голем број филмови и серии без предупредување за корисниците секој месец.
Речиси секој ден се отстрануваат филмови и телевизиски серии што се „скриени“ во рамките на понудата на популарната платформа. Грешка е ако не знаете за овој потег, а единствениот начин да бидете известени е да означите одреден филм или серија, па „Нетфликс“ ќе ве извести пред да го отстрани. Сепак, ќе мора брзо да реагирате, зашто ќе ви остане малку време за гледање.
Една од дополнителните придобивки од претплатата на „Нетфликс“ е исчекувањето нови филмови и ТВ-емисии што ќе бидат достапни на платформата секој месец. Секако, лоша страна е што секој нов месец означува и повлекување низа наслови.
„Нетфликс“ е една од водечките платформи за забава во светот, со 222 милиони платени членства, во повеќе од 190 земји, кои уживаат во ТВ-серии, документарни филмови, играни филмови и мобилни игри во различни жанрови и јазици.
Претплатниците можат да гледаат содржина колку што сакаат, во секое време, каде било, на кој било екран поврзан на Интернет. Стриминг-платформата е достапна за корисниците низ светот, освен во Кина, Сирија, Северна Кореја и Крим. Компанијата започна да обезбедува услуги за претплата во 1999 година.