Астрономите го забележаа првиот директен доказ за црна дупка што се врти, обезбедувајќи нови сознанија за најзагадочните објекти во универзумот.
Набљудувањата се фокусираат на супермасивната црна дупка во центарот на соседната галаксија Месје 87, чија сенка беше снимена од телескопот „Евент хорајзон“. Како и многу супермасивни црни дупки, М87 има моќни млазови, кои се лансираат од половите со брзина приближна на светлината во меѓугалактичкиот простор.
Научниците предвидоа дека ротацијата на црната дупка ги придвижува овие космички млазови, но досега директните докази беа неостварливи.
– По успехот на снимањето на црната дупка во оваа галаксија со телескопот „Евент хорајзон“, главната грижа на научниците беше дали оваа црна дупка се врти или не. Сега исчекувањето се претвори во сигурност. Оваа монструозна црна дупка навистина ротира – рече д-р Казухиро Хада од Националната астрономска опсерваторија на Јапонија.
М87 се наоѓа на 55 милиони светлосни години од Земјата и има црна дупка што е 6,5 милијарди пати помасивна од Сонцето. Веднаш зад црната дупка се наоѓа насобирачки диск од гас и прашина, кој се врти по бездната на космичката дупка. Дел од овој материјал е предодреден да падне во црна дупка и да исчезне засекогаш. Но честичката ќе биде исфрлена од половите на црната дупка со над 99,99 проценти од брзината на светлината.