Фото: Пиксабеј

Кога ќе се спомнат коњичките спортови, првата асоцијација се парите. Трките со коњи отсекогаш биле прашање на луксуз и престиж, а сопственици на најскапите коњи се богатите принцови и шеиците. Во овој спорт сите заработуваат: џокеи, одгледувачи, спонзори, обложувачници и ТВ-куќи. Одгледувачите од целиот свет нестрпливо ја чекаат сезоната на парење со некои од најскапите пастуви за да заработат многу пари на новото шампионско ждребе.

Трите најскапи раси на тркачки коњи во светот, кои се одгледуваат со децении, се американскиот каскачки коњ – едно грло чини до 100.000 долари, арапскиот коњ, ценет поради неговиот добар карактер, издржливоста и живиот темперамент – цената на грло е зголемена и стигнува до 130.000 долари, и англискиот чистокрвен коњ, роден шампион, повреден од која било друга раса. Овој коњ во шталата е симбол на богатство и знак на благородништво. Тој е силен, издржлив, многу подвижен и енергичен, а може да чини и 10 милиони долари.

Американ Фароа: Трикратниот освојувач на круната, коњот по име Американ Фароа, заработува огромни пари од парење, па од 2015 година досега добива процент од 200.000 долари за секое здраво ждребе. Одгледувачницата „Ешфорд стад“ ги купи правата за овој коњ во 2015 година, па овој петгодишен пастув веќе ѝ донесе на одгледувачницата 20 милиони долари само од одгледувањето. Тоа е речиси двојно повеќе од 8,7 милиони долари што овој коњ ги заработи во тркачката кариера во која победи на девет од 11 трки.

Френкел: Непобедливиот Френкел е пастув што добива 150.000 долари од парење. Откако се пензионираше по 14 победи, неговите ждребиња беа многу барани. Беше објавено дека овој коњ заработил 19 милиони долари како процент од парење само една година откако се „пензионирал“, што е пет пати повеќе од она што го заработил за време на неговата тркачка кариера. Се вели дека овој коњ бил многу зафатен како пастув, бидејќи 126 чистокрвни кобили од вкупно 133 што му биле донесени на парење родиле здрави ждребиња.

Сиетл Денсер: Овој коњ е купен во 1985 година по цена од 13,1 милиони долари. Тој беше најскапото младенче продадено во светот на една аукција. Се смета дека денес би чинел околу 30 милиони долари. Сиетл Денсер ги освои буквално сите најпрестижни награди.

Грин Манки: На почетокот на 2006 година, двегодишниот коњ по име Грин Манки беше продаден за 16 милиони долари. Овој чистокрвен коњ е најскапиот коњ за трка што некогаш бил продаден на аукција, иако ова беше дефинитивно лоша инвестиција. Овој коњ не освоил никакви титули и се пензионирал следната година. За парење подоцна добил само процент од 5.000 долари.

Фузаичи Пегасус: Најскапиот коњ на сите времиња, Фузаичи Пегасус, го држи рекордот со заработка од парење што достигнува неверојатни 60 милиони долари.