Новата 2023 година тропна на врата и, како и секоја Нова година, ни носи промени, надеж и желби дека ќе биде подобро.
За новата година се карактеристични и одлуките што се носат, а интересно е што доброто ментално здравје е најчеста новогодишна одлука кај Американците. Тоа се споменува како желба особено кај помладите и средовечните лица.
Потоа следуваат подобрена физичка подготвеност, слабеење и подобра исхрана, како и подобри финансии. На листата се наоѓа и одлуката да се најде и повеќе време за саканите, потоа откажувањето од пушење, учењето некоја нова вештина, забава и хоби, патување, медитација…
Американците се надеваат, како што наведуваат странските медиуми, дека во 2023 година ќе го подобрат балансот меѓу слободното време и времето на работа, како и дека ќе постигнат подобри деловни резултати.