Компанијата „Мета“ го претстави својот претстоен ривал на Твитер пред своите вработени, а изгледот на апликацијата беше објавен на интернет. Интерното име за новата апликација за социјално вмрежување е Проџект 92, додека гласините сугерираат дека официјално може да се вика Тредс.

Гледајќи ги сликите од екранот, може да се заклучи дека интерфејсот изгледа мошне слично на Инстаграм, но без фотографии. Крис Кокс, еден од директорите на „Мета“, рече дека претстојната апликација за социјална мрежа ќе го користи протоколот за социјално вмрежување АктивитиПаб, кој ќе им овозможи на корисниците да ги „мигрираат“ своите сметки и следбеници од Инстаграм на новата платформа.

Од „Мета“ веќе кажаа дека апликацијата е „нивниот одговор на Твитер“ и дека автоматски ќе ги пополнува профилите со информации преземени од корисничките профили на Инстаграм. Компанијата и претходно доби голем број барања од јавни личности и креатори за стабилна алтернатива на Твитер, која би функционирала транспарентно и би била безбедна за дистрибуција на информации.

„Мета“ има ветување од неколку познати личности дека ќе ја користат новата платформа, вклучувајќи го и диџејот Слајм. Во моментов се водат разговори со Опра Винфри и далај-лама.

Развојот на новиот проект за социјална мрежа започна во јануари, а се очекува наскоро апликацијата да биде достапна за јавноста.