Властите на блискоисточната земја одлучија да ја одложат промената на часовниците за еден месец, односно до крајот на Рамазан, што го збуни населението.
Работите да бидат уште полоши, некои институции сепак одлучија да ги поместат часовниците за еден час нанапред, а многу Либанци се најдоа во незавидна позиција да жонглираат со работните обврски и училишните распореди во различни временски зони.
Во некои случаи дебатата доби и религиозен карактер, бидејќи многу христијански политичари и институции, вклучувајќи ја и најголемата Маронитска црква, одбија да го послушаат предлогот на владата.
Оваа медитеранска земја обично ги поместува часовниците за еден час напред во последната недела од март, како и повеќето европски земји. Либанската влада. меѓутоа. ја објави одлуката на премиерот Наџиб Микати да го одложи менувањето на часовниците за 21 април.
По најавата за одложување, либанскиот авиопревозник „Мидл ист ерлајнс“ објави дека на аеродромот во Бејрут на еден час ќе се објавуваат времињата на сите полетувања до 21 април.