Фото: Горан Анастасовски

Јагнето е симбол на невиноста, чистотата, ранливоста и пожртвуваноста. Низ историјата на човештвото честопати било жртвено животно како дар за боговите, како што се примерите со Хелените и со Старите Римјани. Подоцна јагнињата станале симбол на христијаните, односно симбол на жртвата на Исус Христос.
Јагнето е невино животно, кое е наивно, нема искуство и способност да се заштити себеси, па затоа се држи до групата, наместо да талка. Тоа е несвесно за опасноста околу себе. Поради тоа, јагнето ја симболизира невиноста, односно човековата невиност, ранливоста го прави симбол за христијанството. Како духовно животно, јагнето означува дека некој е ранлив по својот карактер, а симбол за некој кому му треба поддршка од другите во тешки моменти.
Бидејќи јагнето е младо и невино во светот, тоа е ослободено од гревот. Ова е еден од најпочитуваните принципи на христијанството и тука лежи причината зошто јагнето има толку многу симболика во христијанството.
Јагнето во аврамската религија било многу високо ценето, а јагнето е и централен симбол на христијанството, симбол на жртвата и чистотата, двата најважни столба на христијанството. Како такви, тие се симбол и за Исус Христос, кој е невин, чист и се жртвува за верниците.

Јагнето во христијанството означува невиност, тоа е симболика и за сѐ што е невино, вклучувајќи го и самиот Исус. Тоа е видливо и во неколку пасуси од Библијата, каде што јагнето е опишано како невино животно што бара водство. Во христијанството, јагнето ја симболизира и жртвата на Исус Христос за неговите следбеници, како и симболика за жртвата што ја правиме за поголемото добро. Најзначајната симболика во христијанството е онаа на вистинското божјо јагне, кое е синоним и за самиот Исус, кој се смета за жртва за неговите следбеници и човештвото. Тоа е речено од Јован Крстител, а забележано во еден пасус во Библијата: Ете, јагнето божјо, кое го симнува гревот од светот!

Исус станува јагнето божјо, тој е беспомошен и слободно доведен до смрт. Тој ги ослободува своите следбеници од гревот и смртта. Оваа симболика е една од најзначајните во христијанството, а можеби и најзначајното спомнување на јагнето во Библијата, како такво најважната симболика на јагнето во Библијата е жртвувањето.
Не е изненадувачки што јагнето во раното христијанство беше симбол за самата црква, како симбол на Исус и распнувањето. Јагнето се користело и како симболика за самите христијани под водството на добриот пастир Исус.
Во ранохристијанската уметност јагнето се појавува многу рано. Неколку мозаици во црквите го вклучуваат и јагнето, а некои мозаици прикажуваат дванаесет јагниња, кои ги претставуваат апостолите.