Фото: Пиксабеј

Љубовта што многу мажи ја чувствуваат кон автомобилите е нешто што го наследиле од своите татковци и од своите пријатели на многу рана возраст. Првите подароци и играчки за младите момчиња секогаш се играчки автомобили, па не е чудно што со текот на времето тие се претвораат во искрени вљубеници во автомобилската индустрија и во трките со автомобили. Но постојат некои факти што ни најжестоките познавачи во индустријата не ги знаат. Некои ќе ве изненадат, некои ќе ве насмеат, а некои ќе ви дадат нова перспектива на овој луд свет во кој живееме. Во продолжение следуваат 25 интересни факти за автомобилите што сигурно не сте ги знаеле.
1. Првиот семафор во светот е поставен во САД, во Кливленд, во далечната 1914 година, на аголот на авенијата Евклид и Исток 105, поставувањето на семафорите помогна да се контролира хаосот на американските патишта предизвикан од автомобили, пешаци, велосипеди, коњи и трамваи.
2. Првата сообраќајна несреќа во светот е забележана во 1769 година. Автомобилот сѐ уште се чува во хаварисана состојба.
3. Во 1896 година е забележан првиот смртен случај како последица на сообраќајна несреќа.
4. Во Кина за околу 50 евра некој ќе ви го вози автомобилот низ целиот градски сообраќај до вашата куќа, а велосипед ќе ве однесе до вашата дестинација.
5. Автомобилот е најрециклираниот производ во светот.
6. Најскапиот автомобил некогаш произведен е „бугати ројал келнер купе“ и чини 8,7 милиони долари.
7. Познатата статуа на хаубата на „ролс ројс“ го носи називот „духот на екстазата“.
8. Само 18 отсто од моќта што моторот ја генерира од бензин завршува како сила на тркалата.
9. Најстариот автомобил што е зачуван до денес е произведен во 1884 година во Франција. Неодамна беше продаден на аукција за 4,6 милиони долари.
10. Рекордно време што е потребно за да се смени целиот мотор на автомобилот е 42 секунди. Рекордот е поставен на „форд ескорт“ во 1985 година.
11. Има приближно една милијарда возила во активна употреба на планетата.
12. Контролната табла на автомобилот во нејзината оригинална форма била дрвена табла што го штитела возачот од калта што ја фрлале коњите додека се вози.
13. Во Франција, алкотестот е дел од задолжителната опрема во секој автомобил.
14. Најнискиот легален автомобил во светот е „висок“ само 48 сантиметри.
15. Додека бил во затвор, Хитлер побарал заем за „мерцедес“.
16. Најпопуларните автомобили на „Фолксваген“, „пасат“, „поло“ и „џета“ биле именувани по имињата на ветровите.
17. Дури 80 отсто од автомобилите што се возат во Албанија се „мерцедес“.
18. Во Јужноафриканската Република, автомобилите БМВ се опремени со фрлачи на пламен поради честите обиди за кражба.
19. Луѓето над 75 години во Јапонија мора да имаат посебна налепница на задниот дел од автомобилот.
20. „Ферари“ произведува 14 автомобили секој ден.
21. „Тојота“ произведува 13.000 возила дневно.
22. Секој четврти автомобил на планетата се произведува во Кина.
23. Формула 1 може да се вози на таванот на тунелот со брзина од 193 км на час. Нејзината аеродинамика произведува толку многу „намалување“!
24. Ако го притиснете далечинскиот управувач на автомобилот 256 пати без автомобилот да е во близина, клучот ќе престане да работи.
25. Формула 1 ги користи истите обработени издувни цевки како нуклеарните реактори.