Кинеските истражувачи развија имплантабилна и самополнечка батерија што помага да се убијат клетките на туморот со регулирање на микросредината што го поддржува растот на туморот.
Студијата објавена во списанието „Сајенс адвансис“ ја опишува батеријата, која при комбинирана употреба со органското соединение тирапазамин го намалила обемот на туморот за 90 отсто во просек во текот на две недели и елиминирала тумори кај четири од пет глувци, пренесува Кинеското меѓународно радио.
Тим од универзитетот „Фудан“ дизајнираше имплантабилен уред што може да формира циклус на празнење и самополнење за стабилно да го троши кислородот во туморите на глувците, а со тоа да ја регулира содржината на кислород во туморот и нивото на киселост.
– Студијата покажа дека батеријата може да се користи како ефикасен регулатор на микросредината на туморот за антитуморна терапија – изјави Џанг Фан, професор на универзитетот „Фудан“ и еден од авторите на студијата.
Дополнително, не беа пријавени абнормални промени во телесната тежина, кожата и главните органи на глувците за време на третманот.
Професорката Сија Јонгјао истакна дека работата претставува вкрстена студија помеѓу технологијата на батерии и биотерапијата, која не само што обезбедува нов метод за лекување на туморот туку создава и преседан за батериите во биомедицинската примена.