Нередот во домот може да влијае на менталното здравје на луѓето што живеат во него. Потребно е да направите план за да воведете ред во куќата. Оваа активност не треба да ве заморува. Ветете си дека денеска ќе организирате само една кујнска полица, утре ќе ја средите другата. Ова постепено ќе воведе ред во вашиот дом.
Приврзаниците на фенг шуи велат дека ако има ред во вашите плакари, тогаш ќе има ред и во вашиот живот. Тие тврдат дека кога владее хаос, има и проблеми во животот и во работата, а уредноста дома влијае на расположението на станарите, како и на подобрата организација кога станува збор за нивната работа.
Еден од важните совети за да воведете ред дома е секоја недела да фрлате по пет непотребни работи.
За да го одржите редот во вашиот дом, важно е навреме да се ослободите од непотребните работи. За да го направите тоа, се препорачува да изберете пет (или некој друг одреден број) предмети неделно што не сте ги користеле неколку години. Тие предмети можат да најдат нова употреба или да се донираат онаму каде што е потребно, не мора секогаш да завршат во отпад.