Иако е позната изреката дека од вишок не боли глава, исклучок е примерот од Чешка поврзан со сончевата енергија.
Една чешка компанија беше принудена да исклучи стотици соларни панели откако тие создадоа повеќе енергија отколку што можеше да поднесе мрежата. Тоа се случило бидејќи денот бил особено сончев, поради што производството на енергија било високо. Тоа беше проблем за компанијата, која немаше план да складира вишок енергија.
– Она што го зборувавме долго време сега е докажано. Чешката Република не е подготвена за обновлива енергија, бидејќи нема капацитет за складирање – рече Јан Крчмар, директор на Чешката асоцијација за соларна енергија.
Соларните панели за време на сончево време честопати можат да произведат повеќе енергија отколку што може да користи мрежата. Доколку нема место за складирање на енергијата, тоа предизвикува нестабилност во мрежата, ја оштетува електронската опрема, а во екстремни ситуации може да доведе до прекин на електричната енергија – пишува „Еуроњуз“.
Поради ова, ЧЕПС беше принудена да ги затвори електроцентралите со вкупна моќност од околу 400 мегавати, односно шестина од вкупниот капацитет на соларна енергија во земјата. Во нормални услови Чешка би го пренасочила вишокот енергија во соседните земји, но тој ден беше толку сончев што дури и соседите немаа потреба од дополнителна електрична енергија. Сите земји, освен Данска, Португалија и Словенија, имаа вишок.
Од друга страна, овој случај им докажува на критичарите дека обновливата енергија е сè уште остварлив извор на енергија, но бара ефикасни единици за складирање што ќе го задржат вишокот енергија за подоцнежна употреба. Со оглед на новите проекти што се во развој, наскоро би можело да се најде решение.