По настапите со Џим Џефрис на европската турнеја, еден од најбескомпромисните комичари на денешницата, Амос Гил, ја носи во Скопје својата наградувана претстава „Бледиот, досаден, хетеросексуален бел маж“ („The Pale, Stale, Straight White Male“).
Еден од најострите, најбрзи и најпровокативни гласови на современата стендап-комедија, австралискиот комичар Амос Гил, на 22 јули ќе настапи на летната тераса на „Јавна соба“, каде што пред македонската публика ќе го изведе своето наградувано соло-шоу „Бледиот, досаден, хетеросексуален бел маж“.
Кратко време по настапите како специјален гостин на Џим Џефрис на неговата европска турнеја, Амос Гил пристигнува во Скопје со вечер исполнета со директен, брз и брутално смешен хумор, без филтри и без забранети теми. Познат по сарказмот што не простува и опсервациите што ги погодуваат сите „недопирливи“ теми на модерното секојдневие, Гил е комичар што еднакво умее да насмее, да изненади и да испровоцира.
Повеќекратно наградуваниот стендап-артист важи за едно од најзначајните имиња на современата австралиска комедија. Зад себе има распродадени турнеи низ Австралија, САД и Велика Британија, како и долгогодишна соработка со Џим Џефрис на неговите меѓународни турнеи.
Македонската публика веќе имаше можност да го запознае неговиот препознатлив стил во 2025 година, кога настапи како специјален гостин пред Џим Џефрис во спортскиот центар „Јане Сандански“. Неговото шоу на 21 јули исто така ќе го отвори осмиот интернационален фестивал на комедијата „Самeр комеди маратон 2026“ во Охрид.
































