Посетителите на Бали наскоро ќе можат да престојуваат во вила што е преуреден авион „боинг 737“, а ноќевањето во овој луксузен објект ќе чини 7.367 долари.
Рускиот претприемач Феликс Демин купи напуштен „боинг 737“ на „Мандал ерлајнс“, кој сега е во процес на пренамена во вила со две спални. Авионот има и тераса на врвот на крилото и простран базен. Овој објект ќе биде достапен за посетителите од март годинава. Цената за престој во една од спалните соби со минималистички дизајн и уживање во бањата во поранешната пилотска кабина не е баш во ранг на хостел. Проектот е веќе наведен како достапен за изнајмување, со ноќевање од околу 7.367 долари.
За да се премести авионот на новата локација беа потребни седум дена, откако беа добиени сите дозволи во септември 2021 година. Тој беше преместен на два различни дела пред да се состави повторно на новата локација. Додека трупот на авионот остана во иста форма, кабината и системите за летање беа отстранети за да се направи простор за сѐ што може да биде потребно.
Објектот се наоѓа на врвот на карпа во близината на плажата Најанг, која е долга 1,5 километар, блиску до познатата дестинација за сурфање Улувату.